За нас

ArbëriaDesign е основана во 1993 година од страна на г-дин Хасим Хамзаи, првично како мала локална печатарска куќа во Тетово. Во тоа време, капацитетот за печатење бил доволен за да ги задоволи потребите на графичките услуги на локалните фирми кои и самите биле во нивните почетоци. Следејќи ги трендовите и секогаш имајќи предвид дека конкурентските компании се само оние компании кои секогаш се чекор понапред од другите компании, во 1995 година ArberiaDesign, исто така, отвори дизајнерската гранка, и со тоа отвори своја студија за графички дизајн во која работат неколку графички дизајнери. Овој чекор реѕултираше како добра идеја, особено во 1998 година кога ArbëriaDesign потпиша договор со германскиот Бундесвер (стациониран во Тетово како дел од мисијата на НАТО-на Балканот) за дизајн и печатење на неделното воено списание "Маз & Mоре".

Денес, ArbëriaDesign е развиена во една од најголемите компании во Република Македонија во областа на графика и графички услуги. Таа работи со неколку единици кои нудат различни услуги во областа на дизајнот, графиката, издаваштвото, печатот, маркетингот, надворешно и внатрешно рекламирање, организација и сл.

Во 2005 година ArbëriaDesign започна со нов ангажман со организирање разни, професионални и квалитетни настани и позајмување на целата потребна опрема.

Она што го прави ArbëriaDesign карактеристичен бренд во земјата и во странство, се нашите квалитетни услуги, кои ја докажуваат нашата сериозност и посветеност на целата активност. Бројни циклуси објавени во ArbëriaDesign во соработка со различни автори сведочат за нашите професионални и квалитетни достигнувања.

Кога некои информации ќе станат достапни за јавноста во писмена форма, целта на публикацијата исто така е постигната. Објавувањето е овозможено со измислувањето на ракописот, а потоа е усовршено уште повеќе со појавата на печатот. Нашата издавачка куќа ги поседува двете компоненти, вредни зборови напишани од локални и странски автори, како и најквалитетна опрема за нивното визуелно остварување. Нашиот тим на лектори, уредници и графички дизајнери се посветени на реализација на визијата на авторот, олеснувајќи го процесот од идеја до имплементација.

Успехот на нашите клиенти е нашиот успех!

Генерален директор

ArbëriaDesign е резултат на совршента екипна работа на сите наши вработени, на клиентите како и на друштвото на кое му припаѓаме. Без поддршката на овие три „елементи“, би било невозможно да стасаме тука каде сме денес. Затоа јас се чувствувам горд што се наоѓам на управувачкото место на оваа совршена унија.

Заедно со сите овие мажи и жени јас ќе се залагам за непрекинат развојот на нашите единици, и се надевам дека заедно ќе успееме ArbëriaDesign да ја однесеме во пазарот на Европската Унија, место што е наша целта.